Го претрка и мегапопуларниот „Фроузен“: Ова е најпопуларниот анимиран филм

Новиот филм на „Дизни“, „Кралот лав“, стана најуспешниот анимиран филм на сите времиња, пишува Синема бленд.

Со заработка од 1,3 милијарди долари, „Кралот лав“ од тронот успеа да го симне и мегапопуларниот „Фроузен“ кој заработил 1,2 милијарди долари.

И додека многумина ќе се побунат и ќе кажат дека модерното издание на „Кралот лав“ не може ни да се нарече анимиран филм во вистинска смисла, ова фотореалистично компјутерско-анимирано дело е и најуспешниот римејк на „Дизни“ на сите времиња, со што мора да се помират и оние кои не го сметаат за анимиран филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот