Кучиња јадат овци во Пелагониско / Фото: Зелена берза

Глутница кучиња им ги јаде овците на сточарите во Пелагонија

Сточарите во пелагониското село Суводол се жалат дека глутница кучиња им ги јаде овците. Тие се жалат дека имаат страв од кучињата скитници, зошто кои им ги напаѓаат стадата овци и трпат големи загуби, објави „Зелена берза“.

Кучињата, педесетина на број, се лоцирани околу дивата пелагонска депонија Мегленци, а во потрага по храна ги напаѓаат трлата. Според мештаните кучињата веќе делуваат како диви животни и засега никој не се обидува да го реши проблемот. Сточарите со петарди едвај ги бркаат од бачилата, но не успеваат секогаш. За жал лани само на двајца сточари им задавиле и до коски изеле 25 овци.

Една овца како што велат чини над 200 евра, а глутницата кучиња напаѓала и телиња од соседните сточари. Велат дека кучињата се движат низ поголем реон во Мариовско, до атарите на селата Орехово и од другата страна Арматуш, напаѓајќи и трла со овци и фарми со крави.

Општина Новаци засега нема начин како да го реши проблемот со кучињата скитници на дивата депонија Мегленци. Единствениот излез од ситуацијата го гледа во изградба на новиот центар за управување со цврст отпад, што веќе се најавува за Пелагонија.

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски вели дека на добра волја донеле одлука на Советот на Општина Новаци овие сточари да бидат обесштетени со по 20.000 денари. Тие како општина имале организиран третман на бездомни кучиња, за заловување и соодветно третирање, но проблемот со Мегленци засега не може да се надмине, зошто таму постојано се носат и се оставаат кучиња од други места.

„На ѓубриштето Мегленци има кучиња од секаде, ги носат и ги оставаат. Таму имаат пристап до храна, се размножуваат и веќе делуваат како диви животни организирани во глутници. Како општина не сме во можност да го надминеме проблемот, единстевниот начин е изградбата на центарот за управување со цврст отпад. Дури потоа се надевам дека ќе имаме успех во тој дел“, изјави Стевановски за „Зелена берза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот