Гласаа Ангеловски и Пандев, а Меси го игнорираше Роналдо!

фото: ФФМ

Селекторите и капитените на секоја земја гласаа во доделувањето на наградата „Бест“ организирана од ФИФА, за најдобар фудбалер на светот.

Помеѓу нив и Македонија, односно селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев кои ги дадоа своите гласови.

Пандев еден поен одвои за Кевин Де Брујн, три за Килијан Мбапе, а пет најмногу за Роберт Левандовски кој подоцна беше прогласен и за победник. Полјакот пет поени доби и од Ангеловски, три му даде на Лионел Меси, а еден на Мохамед Салах.

Во најтесниот круг покрај напаѓачот на Баерн Минхен останаа уште Меси и Кристијано Роналдо. Интересно, Португалецот му даде три поени на Меси, а Аргентинецот му возврати со ниту еден.

Гласовите на Левандовски: Тијаго Алкантара (пет поени), Нејмар (три поени), Кевин Де Брујн (еден поен)

Гласовите на Меси: Нејмар (пет поени), Килијан Мбапе (три поени), Роберт Левандовски (еден поен)

Гласовите на Роналдо: Роберт Левандовски (пет поени), Лионел Меси (три поени), Килијан Мбапе (еден поен)

Официјално: Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот