Ѓуроски: Да стигнеме до посакуваната победа во Словачка, за првото место кое нè води во следните квалификации

фото: kfsm.mk

Македонските најдобри кошаркари се веќе во Левице, и веќе го одработија првиот тренинг во Арената во овој град.

Во четврток навечер (18.00 часот) избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе го одиграат натпреварот против Словачка од петтото коло од групата „Д“ од вториот претквалификациски круг за место во главните квалификации за Евробаскетот 2025.

Искусниот репрезентативец Стојан Ѓуроски, кој од оваа сезона е дел од шпанскиот Оуренсе, смета дека нашата селекција е способна да ја реализира целата – да остане на првото место во групата кое директно води во главните квалификации за ЕП.

– Мислам дека можеме да ја исполниме мисијата. Ако не верував во тоа, немаше да бидам тука. Знаеме дека Словаците играат доста добро дома, сега се засилени со нивниот најдобар кошаркар, Владимир Бродзијански кој направи разлика на последните два натпревари на кои настапи. Си ја знаеме нашата игра, со неколку мали промени во тактиката, дека ќе стигнеме до посакуваната победа уште во Словачка, за првото место, кое нè води во следните квалификации. Атмосферата е одлична, на секој следен натпревар одиме максимално, па што биде, нека биде – вели високото крило на нашиот национален тим, Ѓуроски.

Вториот натпревар од петтото коло во групата „Д“ меѓу Данска и Норвешка ќе се игра од 19.00 часот. На табелата води Македонија со осум бодови, пред Норвешка и Словачка кои имаат по шест, а Данска е последна со четири.

Јончевски пред Словачка и Норвешка: Имаме четири победи, но еден кикс може да не врати долу на табелата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот