Ѓулистана Марковска кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода: „Јас сум кандидат на граѓаните“

Ѓулистана Марковска/ Фото: Архива на Слободен печат

По веста дека поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска, која беше член на првиот состав на Македонското собрание во 1991 година, а потоа и во мандатот од 1998-2002 година, ќе биде промовирана како граѓански кандидат за локалните избори поддржана од коалицијата на ДОМ и ЛДП, Марковска, која е доктор специјалист за очни болести, за „Слободен печат“ изјави:

Чест ми е што партии кои претендираат за коалиција со граѓаните и не се ни лево ни десно ориентирани решиле да ме поддржат на изборите. Се надевам дека мојата кандидатура ќе им овозможи на граѓаните кои се незадоволни и од левиот и од десниот блок и се во тешка апатија и кои немаат желба да гласаат, да излезат и да го дадат својот глас слободно, со цел изборите навистина да бидат не само легални, туку и легитимни. Сметам дека локалните избори се вистинско место за промоција на граѓани кои ќе се занимаваат со реалните човечки проблеми врзани со тоа каков воздух дишеме, каква вода пиеме, каква храна јадеме и по какви улици се движиме“, заклучува Марковска.

Поддршката на кандидатурата на д-р Ѓулистана Марковска од страна на ДОМ и ЛДП ќе биде официјално објавена во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот