Фото: ГРК Охрид

Ѓукиќ: Многу се истрошивме во Купот, но одиме на победа против Цеље

В сабота од 18.00 часот во Словенија ќе се игра првиот натпревар од полуфиналето во ЕХФ Европскиот куп помеѓу ракометните клубови на Цеље и ГРК Охрид.

Македонскиот претставник има одлична сезона и има шанса да испише историја со освојување на европски пехар.

Во второто полуфинале од клупското натпреварување се среќаваат екипите на Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Татабања (Унгарија) на нашиот интернационалец Филип Талески.

Своите очекувања за утрешниот дуел ги сподели играчот на ГРК Охрид, српското десно крило Дарко Ѓукиќ:

– Многу се истрошивме во натпреварите од Купот и во финалето против Вардар, но немаме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал, а тоа е првиот натпревар против Цеље. Се подготвуваме и се надеваме на победа, ќе го дадеме максимумот. Нема да биде лесно, Цеље е млада и сериозна екипа. Ние како и секогаш оваа сезона одиме на победа, воедно, добро е што ќе имаме поддршка од нашите навивачи на ова гостување и се надеваме дека ќе ги израдуваме – изјави Ѓукиќ.

Онлајн продажбата на билети за реванш натпреварот на ГРК Охрид против Цеље што ќе се игра на 2 мај во салата „Билјанини Извори“ е во тек. Повеќе на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот