Ѓорѓе Давид: Моето семејство беше во катастрофална состојба по трагичниот настан

Фото: Скриншот/Јутјуб

На денешната прес-конференција во Белград, српскиот пејач Ѓорѓе Давид првпат ѝ се обрати на јавноста по тешката сообраќајна несреќа, во која загина 49-годишна кумановка пред граничниот премин Табановце.

Меѓу другото, пејачот откри и во каква состојба било неговото семејство по трагичните случувања, но и какво катастрофално сценарио, всушност, било избегнато.

„Бев пуштен од болница и полиција откако заврши процедурата, пристигнав во хотелот и се истуширав, отидов да спијам… Имав околу 2.500 повици кога станав. Ме бараа луѓе кои треба и не треба да ми се јавуваат. Доживеав страшен шок кога ја слушнав состојбата на моето семејство, сопругата Ана, детето, колегите… Моето семејство и членовите на мојата музичка група беа во катастрофална емотивна состојба. Тие се смирија некаде во вторникот, во третиот ден по несреќата, а тогаш почна мојата агонија“, рече тој и додаде:

„Автомобилот отиде во отпад, тотална загуба. Немам страв од возење бидејќи сум свесен за секој момент, секунда и момент. Километар и пол пред тоа обиколив долг камион, кој излезе со 110 на час, се движев со пропишаната брзина од 130 на час. Ако требаше да се случи, ако камионот налеташе на нив – немаше да остане ниту еден преживеан. Секакви работи ми поминуваат низ глава, секакви филмови. Дефинитивно, нема враќање назад и тоа е тоа“, изјави Ѓорѓе Давид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот