Ѓорчев: Да изгласаме со големо мнозинство внесување на Бугарите во Уставот со одложено дејство
Марјан Ѓорчев, поранешниот пратеник, министер и амбасадор, во гостување на „Телма“ зборуваше за актуелниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија кон членството во Европската Унија. Ѓорчев оцени дека извештајот е умерен, се поздравуваат умерениот прогрес во делот на усвојување на патоказот за владеење на правото, започнувањето на реформите во јавната администрација, унапредувањето на работењето на граѓанските институции, формирањето на советот за соработка меѓу Владата и граѓанството.
Препорачано
Ѓорчев смета дека решението за движењето на Македонија кон европскиот пат е внесување на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство.
„Според мене, кој е чекорот? Во Собранието да се изгласа со големо мнозинство да влезат Бугарите во Уставот со одложено важење и да го изгласаме нашиот услов којшто ќе го дадеме во Европа“, изјави Ѓорчев.
Тој потенцираше дека државата треба да ја убеди Европската Унија дека она што е направено со Македонија е неправедно и некоректно, и дека ако на Црна Гора со огромна корупција и криминал можело да ѝ се даде отпочнување на преговорите во 2012 година, истото можело да се направи и со Македонија.


