Ѓоковиќ не може сè сам: Хрватска ќе игра за трофејот во Дејвис купот

Хрватските тенисери ќе играат за трофејот во Дејвис куп натпреварувањето/Мадрид, Шпанија/3 декември 2021/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

После своите победи во сингл мечевите, Хрватска и Србија за конечна победа во полуфиналето на Дејвис купот одлучуваа во двојки.

А таму Хрватите за победа од 2:1 славеа благодарение на Никола Мектиќ и Мате Павиќ кои со 7:5 и 6:1 за еден час и 13 минути игра во Мадрид (Шпанија) беа подобри од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ.

Претходно во поединечна конкуренција Борна Гојо донесе победа за водство од 1:0 на „коцкестите“ против Душан Лајовиќ со 4:6, 6:3 и 6:2.

Потоа, Ѓоковиќ се погрижи за израмнување против Марин Чилиќ (6:4, 6:2) повторно за враќање на надежите на Србија која се надеваше на исто сценарио како против Казахстан со целосен пресврт, но тоа не го дозволија хрватските тенисери.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат репрезентациите на Русија и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот