Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Ѓоковиќ наскоро ќе урне уште еден рекорд на Рожер Федерер

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата 860 недела како еден од првите пет тенисери на АТП листата на 20 април 2026 година, и така ќе го урне и рекордот што претходно го држеше Рожер Федерер. Познатиот швајцарски играч помина дури 859 недели во светскиот врв во текот на својата богата кариера, и беше најдобар во тоа, но…

Швајцарецот ќе има само уште 10 дена да го држи тој рекорд. Србинот наскоро ќе го надмине, со што ќе направи историја на уште еден начин. Досега, Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на недели поминати на врвот на листата, бројот на недели на првите две, првите три и првите четири позиции. Сега ќе им се придружи и петти голем рекорд кога станува збор за АТП листата.

Откако Ѓоковиќ ќе го надмине Федерер по бројот на недели на првите пет позиции, легендарниот швајцарски играч ќе има само уште еден рекорд во оваа група. Федерер моментално го држи рекордот по број на недели поминати меѓу првите 10 тенисери на планетата, што е следната цел за најдобриот на сите времиња – и се чини многу реално дека Ѓоковиќ ќе го надмине во блиска иднина.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Федерер има 968 недели на АТП листата меѓу првите 10 тенисери, а Ѓоковиќ моментално е втор по тој параметар, со 937 недели и можност да го зголеми својот резултат. Познато е дека тој ќе продолжи да биде на врвот во наредниот период, а бидејќи планира да игра до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, можеби дури и ќе го видиме како ја пробива неверојатната бариера од 1.000 недели меѓу првите 10 во светот!

Се подразбира дека сите други тенисери се премногу далеку од Ѓоковиќ и неговите рекорди. Рафаел Надал од Шпанија беше блиску до него некое време, но и шпанскиот ас се пензионираше, што значи дека повеќе не може да се натпреварува со најдобрите на сите времиња. Други тенисери како Пит Сампрас, Џими Конорс, Иван Лендл и Андре Агаси се пензионирани со децении, па затоа не се закана ниту за српскиот ас.

Исто така е јасно дека оние што се искачуваат сè уште не оставиле трага. Помеѓу Ѓоковиќ и неговите наследници на врвот како Карлос Алкараз и Јаник Синер, цела генерација е пропуштена. Шпанскиот и италијанскиот тенисер ќе мора да се наметна односно да останат на самиот врв на светот уште една деценија и пол за да ги соборат рекордите на Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот