Новак Ѓоковиќ/ EPA/YANNIS KOLESIDIS

Ѓоковиќ на Австралија опен како четврти носител, ќе ги избегне Алкараз и Синер до полуфиналето

Организаторите на Австралија опен го објавија официјалниот список на учесници за првиот грен слем во сезоната 2026. На списокот се наоѓаат 99 од 100 најдобри рангирани тенисери во светот, а единствениот што ќе отсуствува е повредениот Холгер Руне, моментно рангиран на 15 место во светот, кој е на долга пауза поради операција на Ахиловата тетива.

Прв носител ќе биде светскиот број еден Карлос Алкараз, додека бранителот на титулата Јаник Синер ќе ја предводи долната половина од ждрепката како втор носител.

Новак Ѓоковиќ практично е загарантиран дека ќе биде четврти носител, што значи дека ќе ги избегнува Алкараз и Синер до потенцијално полуфинале. Се очекува Александар Зверев да биде трет носител.

Големата борба е за местата од петтиот до деветтиот носител, бидејќи Феликс Оже-Алијасим, Тејлор Фриц, Алекс де Минор, Лоренцо Мусети и Бен Шелтон делат само 275 АТП поени, кои ќе ги бранат или освојат на воведните турнири во сезоната – Јунајтед Купот, Хонг Конг Опен и Бризбејн.

Џек Дрејпер е на 10 место, но сè уште постои дилема околу неговата подготвеност бидејќи нема одиграно меч од Отвореното првенство на САД поради повреда на раката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот