Ѓоковиќ го доби првиот ривал на турнирот во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ атакува на нов трофеј/фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Новак Ѓоковиќ го дозна својот противник на првиот чекор кон освојување на трофејот на АТП турнирот во Тел Авив, Израел.

Најдобриот српски тенисер ќе биде слободен во првото коло, а во осминафиналето ќе игра против Пабло Андухар.

Искусниот 36-годишен Шпанец го совлада Тиаго Монтеиро од Бразил со 7:6 (3), 6:1 и ја закажа првата пресметка со Ѓоковиќ од 2012 година.

Новак и Пабло за првпат се сретнаа во првото коло на турнирот Умаг во 2007 година (6:1, 6:3 за Ѓоковиќ), а потоа дури во 2012 година во осминафиналето на Индијан Велс (6:0, 6:7 (5 ), 6:2 за Новак Ѓоковиќ).

Андухар моментно е 146 тенисер во светот, а најдобар пласман во кариерата на АТП листата му е 74 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот