Гислајн Масквел осудена за помагање на Епстајн во трговијата со млади девојки

Максвел и Епстајн/ Фото Youtube screenshot

Британката Гислајн Максвел, поранешна соработничка на починатиот финансиер Џефри Епстајн, обвинет за сексуална злоупотреба, е прогласена за виновна од судот во Њујорк за местење и помагање на Епстајн при експлоатација на малолетни девојчиња и се соочува со „децениски затвор”.Судењето траеше еден месец, а четири жени дадоа детали за сексуалната злоупотреба на девојки, од кои некои имале само 14 години, во текот на 90-те и раните 2000-ти во луксузните куќи на Епстајн во Флорида, Њујорк и Ново Мексико, јавува Би-Би-Си.

Поротата расправаше цели пет дена пред да ја прогласи Максвел за виновна за пет од шест точки во обвинението. Епстајн, изврши самоубиство пред почетокот на судењето во 2019 година. За време на судењето, обвинителите повикаа 24 сведоци за да и опишат на поротата како изгледал животот во куќите на Епстајн.

Прикажани се и банкарски податоци од кои може да се види дека Епстајн уплатил 30,7 милиони долари на сметката на Максвел, која со години му била пријателка, извесно време девојка, а подоцна работела за него.

Сепак, во центарот на обвинението беше сведочењето на четири жени кои рекоа дека како многу млади биле жртви на Максвел и Епстајн. Судењата во кои се вклучени Епстајн и Максвел се уште не се завршени. На Максвел треба да и се суди по две точки од обвинението за лажно сведочење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот