Евроамбасадорот Дејвид Гир. Фото: Принтскрин

Гир предупредува: Некои измени на Кривичниот законик се ризик за зголемување на неказнивоста

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска порача дека Европската комисија веќе изрази загриженост дека некои од измените на Кривичниот законик носат ризик за зголемување на неказнивоста.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со измените на Кривичниот законик, тој рече дека на ова прашање веќе беше одговорено од претставници на Брисел и дека Европската комисија имаше неколку забелешки.

– Европската комисија имаше неколку забелешки. Прво изрази загриженост за употреба на европското знаменце на овој начин за да го забрза допнесувањето на некој закон со што се скратува можноста за јавна дебата во земјата. Комисијата исто така изрази голема загриженост дека некои од амандманите на законот се ризик за зголемување на неказнивоста – рече евроамбасадорот Гир.

Притоа додаде дека Европската комисија потсети на клучната важност на владеењето на правото во самата земја што се однесува на самиот принцип на неказнивост, односно дека кривичните дела поврзани со тоа треба да бидат адресирани на вистински начин.

ЕУ загрижена за измените на Кривичниот законик, амбасадата на САД сѐ уште ги разгледува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот