Гигс требало да биде заштитно лице на „Куќата на славните“ во Премиер лигата, една постапка променила сè
Премиер лигата го отстранила Рајан Гигс од списокот на првите членови на „Куќата на славните“, откако против легендата на Манчестер јунајтед беа отворени обвиненија за семејно насилство, откриваат британските медиуми. Иако подоцна беше ослободен од сите обвиненија, Гигс и натаму не се наоѓа на престижната листа, пренесува „Goal.com“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според пишувањата на „Телеграф“, Гигс првично требало да биде дел од првата генерација фудбалери воведени во „Куќата на славните“ на Премиер лигата, заедно со Алан Ширер и Тиери Анри, уште во 2021 година. Како најтрофеен фудбалер во историјата на натпреварувањето и поранешно крило на Манчестер јунајтед, бил планиран како едно од заштитните лица на проектот.
Сепак, плановите биле променети зад затворени врати. Раководството на Премиер лигата наводно донело одлука неговото име дискретно да биде избришано од сите промотивни материјали и од списокот на членови, откако станало јасно дека против него се води сериозна правна постапка. Бидејќи целта на „Куќата на славните“ била да ја слави фудбалската извонредност, челниците процениле дека вклучувањето на Гигс би предизвикало голема ПР-криза и би го засенило целиот проект.
Поради тоа, при официјалната промоција како основачи на „Куќата на славните“ беа претставени само Ширер и Анри. Името на Гигс тивко исчезнало од сите комбинации, а тој не бил вклучен ниту во подоцнежните гласања на навивачите, преку кои признанието го добија други ѕвезди на Јунајтед како Ерик Кантона, Рој Кин и Дејвид Бекам.
🚨 Correspondence seen by Telegraph Sport shows Ryan Giggs was lined up as an inaugural Hall of Fame inductee alongside Alan Shearer before facing trial for domestic abuse.@Tom_Morgs has more ⬇️https://t.co/F9RkUhYiA8 pic.twitter.com/OvQBGzc1Jk
— Telegraph Football (@TeleFootball) January 29, 2026
Одлуката била донесена по неговото апсење во ноември 2020 година, кога беше осомничен дека физички ја нападнал поранешната партнерка Кејт Гревил и нејзината помлада сестра. Подоцна беа поднесени обвиненија за нанесување телесни повреди и за контролирачко и присилно однесување, што доведе до долга и медиумски следена судска постапка која практично ја замрзна неговата кариера како тренер.
Случајот се совпадна со стартот на „Куќата на славните“. Судскиот процес започна во 2022 година, но поротата беше распуштена бидејќи не можеше да донесе пресуда. Ново судење беше најавено, но во јули 2023 година Обвинителството официјално ги повлече обвиненијата, откако Гревил одлучи да не сведочи повторно.
Судијата потоа донесе ослободителна пресуда по сите точки, со што Гигс беше правно ослободен. Сепак, долготрајноста на процесот значеше дека организаторите во првите години од постоењето на „Куќата на славните“ го сметале за непожелна фигура.


