Ги разделиле војните во Либан и во Хрватска: Татко го пронајде синот по 40 години трагање
Таткото, тогаш млад студент кој некое време живеел во Хрватска, се вратил во родниот Либан кратко пред земјата да биде зафатена од вооружен конфликт. Неговиот син и сопруга останале во Хрватска, која потоа беше зафатена од војна.
По речиси 40 години потрага, хрватскиот Црвен крст успеа да ги обедини таткото и синот, кои беа целосно разделени од војните во Либан и Хрватска. Станува збор за исклучително емотивен случај кој длабоко ги трогна вработените во Службата за пребарување на ХЦК, а кој започна кон крајот на 80-тите години, објави Црвениот крст, објави Индекс.хр.
Препорачано
Таткото, тогаш млад студент кој некое време живеел во Хрватска, се вратил во родниот Либан кратко пред земјата да биде зафатена од вооружен конфликт. Неговиот син и сопруга останале во Хрватска, која потоа беше зафатена од војна. На почетокот, тие некако успеале да одржат контакт, но како што околностите на војната се влошиле, целата комуникација била целосно прекината.
„Со години, таткото се обидувал да добие какви било информации за својот син, користејќи ги сите расположливи средства. Во еден момент, дури и отпатувал во Хрватска за да го пронајде, но поради промена на адресата и текот на времето, повторно бил без трага. Сепак, надежта никогаш не го напуштила“, објави Црвениот крст.
Дури кога дознал за Службата за барање на Хрватскиот Црвен крст, тој покренал официјално барање. Вработените веднаш започнале со потрагата, а потоа пристигнала веста што ја чекале речиси четири децении. Црвениот крст на градот Клањец потврдил дека неговиот син е пронајден и дека сакаат да стапат во контакт со него.
Веднаш следниот ден, таткото повторно отпатувал во Хрватска. Следела долгоочекувана, трогателна средба и прегратка по речиси 40 години разделба. И двајцата биле видливо трогнати и пресреќни што конечно можат да продолжат да го градат односот што им го одзеде војната, велат од Црвениот крст.
„Ова ќе биде најдобриот Божиќ досега“, рекол синот, кој веќе планира патување во Либан за да се сретне со семејство кое го познава само од приказните во текот на целиот свој живот.


