Ги погреба синовите и Марина: Александар Радуловиќ – Фута болката ја лекува со музика

Фото: Принтскрин ЈуТјуб - Инстаграм - Твитер

Веста за ненадејната смрт на текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ го потресе регионот. Голем број балкански ѕвезди се простија од наследникот на Туцаковиќ. Лаќа, синот на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ – Фута, на 27 декември беше погребан во семејната гробница на Новите гробишта во Белград покрај мајка му и брат му Милош.


Фута и погребот на вториот син Милан го издржал стоички и достоинствено. Додека неговите блиски пријатели се грижат за него и неговата состојба, целата јавност постојано се прашува како се справува со својата ситуација, имајќи предвид дека ги загуби сопругата и двата сина.

Извор близок до Радуловиќ го опишува начинот на живот на Фута и како се справува со тагата која неговата куќа засекогаш ја обви во црно.

„Секако дека и Фута е човек од крв и месо и дека го скрши сознанието дека остана и без вториот син, сепак, се однесува машки, размислува трезвено и не дозволува целосно да потоне и да се откаже од себе и животот“ – започнува изворот и додава:

„Свесен е што се случи, но жали за сите добри работи што можеа да се случат а не ги виделе ниту неговите синови, ниту Марина, ниту тој. На пријателот што искоментира дека добро се справува со ситуацијата, Фута му одговори отсечно: „Не ми е првпат“.

Колку и да звучи болно, Фута му ја кажал на својот пријател најголемата вистина во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam SHOWBIZ (@24sedam_showbiz)

“Иако неговите најблиски соработници беа малку шокирани, Фута ги собра буквално веднаш по погребот, ја зеде гитарата и почна да свири нови мелодии. Спасот го најде во музиката, што не е нешто чудно, бидејќи се знае дека музиката е тука и кога ни е тешко и кога ни е убаво во животот“ – објаснува изворот за „Ало.рс“.

ФОТО | Твитал и уживал со пријателите: Последните часови од животот на синот на Марина Туцаковиќ

ФОТО | „Се извинувам што ве навредив како сопруга и мајка“: Лаќа пред смртта и испратил порака на Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот