Ги обединија сите три титули: Норвешките ракометарки повторно на светскиот трон
Најдобрата женска ракометна репрезентација на Норвешка денеска во финалето на Светското првенство со 23:20 триумфираше над Германија. Така, Норвежанките го освоија петтото светско злато и ги обединија титулите европски, светски и олимписки шампиони.
Препорачано
Финалниот натпревар во Ротердам, Холандија, донесе голема борба и чести промени на ритамот, а Германките први остварија значителна предност и поведоа со 6:4, кое го одржаа речиси до крајот на првото полувреме.
Се играше гол за гол сè додека Норвежаните не ја засилија својата одбрана, со неколку клучни интервенции на голманката Катрин Лунде, што донесе израмнување на полувремето.
Во остатокот од натпреварот, Норвешка играше посигурно и брзо стигна до водство од три гола (15:12). Германија успеа да се врати во натпреварот и да го израмни резултатот на 17:17 на 12 минути до крајот, но потоа следеше нова серија на Норвежанките, кои повторно ја презедоа контролата.
Absolutely nerve-wracking final but it's 🇳🇴 Norway who survive and 𝗰𝗹𝗮𝗶𝗺 𝘁𝗵𝗲 𝟮𝟳𝘁𝗵 𝗜𝗛𝗙 𝗪𝗼𝗺𝗲𝗻'𝘀 𝗪𝗼𝗿𝗹𝗱 𝗖𝗵𝗮𝗺𝗽𝗶𝗼𝗻𝘀𝗵𝗶𝗽 𝘁𝗶𝘁𝗹𝗲 🔥 The throne is theirs — new world champions 🏆#handsupformore #GERNED2025 pic.twitter.com/QFd4XGZGEh
— International Handball Federation (@ihfhandball) December 14, 2025
Во финалето, актуелните олимписки и европски шампиони направија одлучувачка разлика и на три минути до крајот на играта, поведоа со три гола, што беше недостижно за нивните противнички.
Најефикасни во норвешката селекција беа Ела Хени Реистад и Рушфелт Тале Деила со по пет голови, а на спротивната страна по четири имаа Емили Вогел и Виола Лојхтер.
Норвешка така се врати на светскиот трон, кој последен пат го држеше во 2021 година, додека Германија постигна историски резултат освојувајќи го својот прв медал на Светското првенство по 32 години.


