Ги ДРОГИРАЛЕ богаташите, па им КРАДЕЛЕ купишта пари: Приказната на контроверзната стриптизерка што ја глуми Џеј Ло

Џенифер Лопез во филмот „Хастлерс“ ја глуми контроверзната стриптизерка Рамона, а ова е приказната на Саманта Барбаш, бившата стриптизерка чија раскалашано минато ги инспирирало творците на филмот.

Пред шест години, Саманта Барбаш била мозокот на групата лукави стриптизерки кои на богатите директори им украле многу пари. Ги носеле во соби, наводно ги дрогирале и потоа со нивните кредитни картички подигнувале десетици илјади долари.

Саманта е во моментов на условна слобода откако признала вина за завера, напад и тешка кражба. Нејзината причина за излегување во јавност е тоа што тврди дека Џеј Ло и продуцентите на филмот не ги откупиле од неа правата за нејзината животна приказна.

Барбаш, позната и како Саманта ФоXXX, ја објавила книгата „Подвлекување“. Во неа детално ја опишала својата работа со клиентите, вклучувајќи ги и раперите, филмските ѕвезди, претседателите на управи од 500 најбогати фирми, милијардер кој води една од најголемите институции во САД и сопственици на глобален хотелски ланец.

Во ексклузивно објавениот извадок од книгата која Барбаш ја објавила, открива:

„Моите клиенти главно беа ВИП клиенти во Скорс и во Хастлер. Работата ми беше да ги забавувам со девојките и да ја подигнам атмосферата. Договарав на забавите да им доаѓаат згодни девојки. Тие девојки фантастично заработуваа и мораа да имаат совршени тела и убави лица. По нив настапуваа „снегулките“, девојки од пониско ниво кои ја вршеа „валканата работа“. Понекогаш нивните задачи вклучуваа разни сексуални активности. За таквите забави мене и на девојките секогаш ни се исплаќаа огромни суми.“

„Една ноќ во „Хастлер“ познат R&B пејач, не баш на најдобар глас, се забавуваше во приватна соба цела ноќ. Сакаше забавата да ја продолжи и во својата хотелска соба, па го замоли домаќинот сите да нè повика да дојдеме. Рече дека на секоја девојка ќе ѝ плати дополнителни 8.000 долари.“

„Кога стигнавме во неговиот хотелски апартман со 5 ѕвезди, неговото обезбедување веднаш ни ги зема телефоните и нè натераа да потпишеме документи за неоткривање на податоци. Сакаа да се осигураат ниту една „дива“ забава која вклучува многу дрога да не излезе во медиумите. Беше толку параноичен што воопшто немаше сексуални односи. Дури ни „снегулките“ не правеа ништо. Сакаше само да игра со девојките и да шмрка кокаин опкружен со сите тие голи тела. По еден час почна да се однесува необично, постојано гледаше низ прозорецот и под вратата поради паранојата од дрогата што ја земаше. Кога виде дека си одам, ми рече: Те молам, немој да си одиш. Жалам што сум ваков. Убаво ми е во твое друштво. Ми даде голем бакшиш и неговиот личен телефонски број и оттогаш сме пријатели“.

Џеј Ло се нашла на удар на Саманта Барбуш, која тврди дека ова остварување ја украло нејзината животна приказна. Затоа таа бара паричен надомест, како од продуцентите на филмот, така и од пејачката.

– Ако се заработува на мојата приказна, тогаш би требало да признаат дека тоа е моја приказна и веројатно заслужувам некаква награда. Ќе го запреме снимањето бидејќи сум погрешно претставена – рекла Саманта за „Њујорк пост“.

Таа наведува дека сепак ѝ е мило што ја глуми Џенифер Лопез.

– Почестена сум дека таа ме глуми, ама мислам дека прво би требало да зборува со мене. Единствено јас ја знам целата вистина – рекла Саманта.

Сепак додала дека смета дека Карди Би, која исто така се појавува во филмот, би била подобар избор да ја глуми отколку Џенифер Лопез.

Карди Би

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот