Гевгелија доби супер тим, се фузираа Блокотехна и Кожув

Новиот тим чии амбиции се борба за трофеите ќе се вика КК Кожув. Новиот супер тим е фузија на двата клуба од Гевгелија, Блокотехна и Кожув. По неколкумесечни разговори и преговори челниците на двете екипи успеаја да најдат заеднички јазик и да се спојат во еден моќен тим кој би имал сериозен буџет за македонски услови и би бил еден од главните конкуренти за титулите, како на домашен така и на меѓународен план.

Според договорот,  ќе биде формиран Управен одбор во кој ќе бидат луѓе од двете екипи но и други заинтересирани стопанственици од Гевгелија и околината. Плановите се КК Кожув воследната сезона да игра и во едно од регионалните натпреварувања и тоа најверојатно ќе биде БИБЛ лигата во која актуелен шампион е Блокотехна.

Челниците на двете екипи се договирија тренер да биде Македонец, а неговото име ќе биде познато во текот на наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот