Гертруда Едерле е прва жена која го препливала Ла Манш: Кога некој ќе ми каже дека не можам нешто да направам, тогаш одам и го правам тоа!

Profimedia

Гертруда Едерле е една од најславните пливачки во светот, во историјата се запишала како прва жена која го препливала Ла Манш во 1926 година. Ја викале кралица на брановите.

Кралицата на брановите, како што ја викале новинарите олимписката шампионка во пливање Гертруда Едерле, се родила во 1905 година како трето дете на германски емигрант во Њу Јорк. Како девојче при една посетата на баба ѝ во Германија, за малку не се удавила во локалното езеро. Оваа случка ја мотивирала осумгодишната Гертруда да научи да плива. За само неколку месеци се покажала многу талентирана во пливање и била подобро од своите врснички. Почнала да се натрпеварува на 12-годишна возраст и веднаш го поставила својот прв светски рекорд во 800 метри краул и така станала најмлада светска шампионка. Во периодот од 1921. до 1925. година Гертруда освоила вкупно 29 национални и светски рекорди.

Сепак вистинскиот предизвик во нејзината кариера го доживеала со обидот да го преплива каналот Ла Манш. Два пати се обидела, првиот пат во 1925 година со тренерот Јанез Волф кој самиот зад себе имал 22 неуспешни обиди да го преплива Ла Манш. Но, се увидело дека токму тој бил главната причина за неуспехот на Гертруда, константно обидувајќи се да го забави ритамот на пливачката тврдејќи дека нема да успее ако продолжи со таа брзина. На крајот Гертруда била дисквалификувана бидејќи Волф наредил нејзино извлекување од морето поради наводно давење, за кое подоцна сведоците на бродот, а и самата Гертруда, тврделе дека било само одморање. Била премногу разочарана со оваа одлука на тренерот, а меѓународниот печат на големо пишувал дека ниедна жена не може и нема да може да го преплива Ла Манш.

Profimedia

„За мене морето е како личност, како дете кое веќе долго го познавам. Звучи лудо, но кога пливам во море јас со него разговарам. Никогаш не се чувствувам осамено во него“, рекла своевремено Гертруда.

Со неверојатна ментална сила поради првиот неуспех, Гертруда почнала да го планира вториот обид за препливување на Ла Манш, но недостигале финансиски средства. Гертруда знаела дека спонзорите нема да сакаат да го финансираат вториот обид на една жена. На крајот, весникот „ Чикаго Трибјун“ се согласил да даде спонзорство во замена за ексклузивна приказна. Но овојпат со неа зела друг тренер, Томас Бургесом, кој бил еден од петорицата мажи кои го препливале Ла Манш. Тоа било на 6 август 1926 година – после 14 часа и 35 минути пливање Гертруда Едерле докажала дека една жена може да направи нешто што до тогаш било резервирано само за мажи. И не само тоа, додека сите мажи кои пред неа го препливале Ла Манш тоа го направиле со градно пливање, која е воедно и најбавна техника на пливање, Гертруда тоа го направила во краул стил.

Profimedia

– Кога некој ќе ми каже дека не можам нешто да направам, тогаш одам и го прават тоа, рекла Едерле.

Во Америка била дочекана од 2 милиони луѓе на улиците кои ја чекале да ја поздрават. Подоцна се глумела самата себе во филмот „Свим грл“ , го запознала тогашниот претседател на САД, Келвин Кулиџ, а по неа бил наречен и еден вид на танц, но во 1933 година паднала по скали и го повредила ‘рбетот, што ѝ оневозможило да ја продолжи спортската кариера.

Подоцна во животот Едерле почнала да ги учи глувите деца да пливаат зашто и таа самата во своите 40-ти години го загубила слухот. Никогаш не се мажела и немала деца.

Умрела во 2003 година, на 98-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот