Героски: Заев стана премиер без да победи на изборите, Димитровски: Доаѓа време кога партите ќе треба да станат мултиетнички

Тече рокот за формирање Влада, а тоа е и една од темите на емисијата „Само вистина“ каде гости се новинарот Бранко Героски и Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократски сојуз.

Идејата за премиер Албанец на ДУИ успеа на партијата да и донесе гласови на изборите, а сега е едно од барањата за коалиција со СДСМ. Во врска со оваа тема, Героски смета дека треба да се соочиме со реалноста.

-Не би сакал да бидам тој што ќе го брани ДУИ, но да се сочиме со реалните факти. Во демократиите е правило победничката партија да го добие мандатот, но кај нас е е прв пат да е прекршено правилото.Заев стана премиер без да победи на изборите. Албанец премиер би било уникатна ситуација. Не е невообичаное да се има премиер од партија која не е победник на изборите, но тоа се решава со политички договор. Втора работа е што е тешко да кажеме дека ДУИ е партија која ја дестабилизирала Македонија, историјата го покажала обратното. Од трета страна, велиме ДУИ е виновен за недостиг на реформи, за криминал и корупција. Тие се сега во релативно комотна позиција да наметнуваат свое барање, а ако тоа е национаистички наратив, зошто тогаш победи на изборите? Ова е за Албанците битна тема. Прашањето е зошто да не биде Албанец премиер? Они излегоа со конкретен лик, кој не е партиски кадар, рече Героски.

На ова Димитровски одговори дека е потребно партиите мултуетнички да созреат.

-Тоа е работа на политички договор. Целата тема е градена за изборни цели. Изјавата на Таравари е иронична. Процесите созреваат, а не се одвиваат преку ноќ. Една интегративна партија како ДУИ и за другите партии, идејата е дека доаѓа време кога партиите треба да станат мултиетнички. Тоа беше идејата на СДСМ. Не знам колку е успешна, но зошто утре Македонци да не гласаат за ДУИ, доколку препознаат дека таа има интегративен карактер, рече Димитровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот