Героски: Tочно е, сите ќе ги „пукам“, ама „бомби“ ниту сум „пукал“, ниту ќе „пукам“!
По објавувањето на аудио снимката на Јутјуб, во која глас, за кој се претпоставува дека е на бизнисменот Орце Камчев, вели: „Геро ќе ги пука сите сега“, со реакција се јави и новинарот Бранко Героски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој вели дека не знае на што точно мислел бизнисменот Орце Камчев, кога рекол „Геро ќе ги пука сега“ и „Геро ќе биде“.
„Ако се мисли на жестоко критикување на власта, но и на другите (на сите, практично), како што е познато, јас и досега жестоко ги „пукам сите“ и допрва ќе ги „пукам“. Јас ја отворив аферата „Рекет“, јас ја критикував и претходната власт за криминалите и корупцијата, а ја критикувам и сегашната власт за истите зла, оти не гледам причина зошто би требало да биде поинаку. Во таа смисла, да, Геро беше и Геро ќе биде тој што нема да отстапи.
Ако, пак, Камчев мислел дека Геро ќе објавува нелегално снимени разговори, односно „бомби“, можам да го кажам она што сите го знаат – јас со такви работи не се занимавам, бидејќи знам дека тоа е прекршување на Кривичниот законик, без оглед кој и како го толкува јавниот интерес. Па така, „бомби“ ниту сум „пукал“ ниту ќе „пукам““, се наведува во неговата реакција објавена на Фејсбук.


