Германските бараат фудбалска револуција, сакаат селари кап

фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Претседателот на фудбалската федерација на Германија (ДФБ), Фриц Келер, смета дека актуелната криза мора да се искористи за фудбалот да се реструктуира, пред се на финансиски план.

Бундеслигата е првото големо спортско натпреварување кое се врати на големата сцена по двомесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Сепак, два месеци без фудбал и прилив на средства од спонзорите, ТВ правата, влезниците, донесоа огромни загуби за сите екипи со што е загрозена егзистенцијата на добар дел од нив.

Келер затоа бара да се воведе селари кап во фудбалот, односно да се ограничат парите кои се издвојуваат за плати на фудбалерите, тренерите, агентите.

– Мораме да учиме од грешки, а оваа криза е шанса да го реструктуираме фудбалот. Не ни се потребни нови правила, туку ново однесување. Не смееме повеќе да мислиме од сезона до сезона бидејќи тоа го почувствувавме на болен начин. Мораме да гледаме долгорочно, мораме фудбалот да го приближиме до луѓето за да стане нивно секојдневие. Поради тоа ни е неопходна финансиска контрола на системот и воведување на селари кап – смета Келер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот