Германскиот вирусолог Дрoстен со прогноза: Пандемијата на ковид нема да стивне до Велигден

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER / POOL

Германскиот вирусолог Кристијан Дрoстен не очекува брза нормализација на состојбата со ковид-19, иако во Германија од денеска стапи на сила новата блокада.

– Едно е сигурно: пандемијата нема да стивне до Велигден, изјави Дрoстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг”, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но само ако сега успееме да го контролираме ширењето на коронавирусот”.

Дростен предупреди: Пандемијата допрва ќе почне

Тој препорачува секој од нас да се однесува како да е заразен и обратно – да се третираат другите како да се заразени.

– Ова е единствениот начин да се блокира патот на инфекцијата, вели Дрoстен и истакнува дека претстојат месеци на сериозни ограничувања.

Според него, од особено значење во борбата против коронавирусот е зголемената употреба на брзи тестови.

– На овој начин, може да утврдиме не само дали некое лице е заразено со коронавирус, туку и дали и во колкава мерка е заразно за други, рече Дрoстен.

Отворено писмо од највлијателниот германски виролог и неговите колеги до Фејсбук и Гугл: Престанете да ширите лаги за коронавирусот

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан предупреди дека „пред нас се тешки времиња”.

– Дури и ако ја откажеме блокадата за неколку недели, можно е да следат нови строги ограничувања, изјави Шпан за германската јавна телевизија ЗДФ.

Според него, Германија е во невидена ситуација и претстојат месеци со сериозни ограничувања.

Рестриктивни мерки низ цела Европа

Во Германија од денеска се на сила новите мерки против коронавирусот. Сите ресторани, барови, клубови и дискотеки се затвораат. Истото важи и за театрите, оперите, концертните сали и кината. Германците имаат право да се сретнат надвор само со едно друго домаќинство, а туристичките патувања се забранети.

Од друга страна, училиштата и градинките остануваат отворени. И продажните места ќе продолжат да работат, иако со построги ограничувања. Овие мерки се очекува да бидат во сила најмалку до крајот на ноември.

Вирусологот Кристијан Дростен: Најважно правило – шест чекори, шест секунди

Инаку, угледниот германскиот вирусолог уште пред неколку месеци предупреди за „втор, пострашен бран“ од ковид-19.

Вирологот Дростен предупредува дека во есен можен е втор пострашен бран од Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот