Вирусологот Кристијан Дростен: Најважно правило – шест чекори, шест секунди

Profimedia

Водечкиот германски и светски вирусолог, Кристијан Дростен, експерт за коронавирусот и еден од авторите на тестот за САРС, смета дека имунитетот стекнат поради претходно заболување од некој од вирусите од коронагрупата, може да претставува заштита и за ковид-19.

Дростен раководи со институтот „Чарит“ во Берлин, прв го изолираше САРС, „постариот брат“ на ковид-19. Тој работел на развивање тестови и истакнува дека заразата сепак нема да биде под контрола сѐ додека не биде откриена вакцина.

Најважни се, како што додава, реакциите на државите, какви што се повторно воведување изолација и соработката на граѓаните.

Неговата препорака се сведува на четири збора: „шест чекори, шест секунди“. Шест чекори одговараат на оддалеченоста најмалку 1,8 метри, а шест секунди е времето кое, како што вели проф. Дростен, смеете да го потрошите на комуникација со близок соговорник, во продавница, на скали, во минување… Сѐ друго е потенцијално опасно.

Со него се сложува и германската канцеларка Ангела Меркел. Дростен е нејзин водечки советник за време на кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот