EPA EFE
Коронавирусот во Шпанија/ Фото: EPA-EFE/JESUS DIGES

Германскиот институт предупредува: Делта сојот претставува сериозна опасност за економијата

Делта сојот на коронавирусот би можел да и нанесе сериозни штети на економијата, со растот на новозаразените со оваа варијанта на ковид-19, соопштува институтот за економски истражувања Ифо.

,,Делта сојот е сериозна опасност за германската економија“, изјави лидерот на Ифо институтот, Клеменс Фуест во интервјуто за порталот Т-онлајн, објавено во неделата.

Нема се да биде изгубено, но поради растот на бројките од новиот сој, економското опоравување ќе биде одложено, особено во секторите во кои пандемијата веќе нанесе голема штета, како што се рестораните, туризамот, малопродажбата и слично.

Во Германија, бројот на заразени со делта сојот е двојно зголемен во првата недела на јуни, според податоците на Институтот Роберт Коч за контрола на болестите.

Покрај кампања за побрзо вакцинирање на населението во Германија, владата одлучи да го одложи ублажувањето на мерките, стравувајќи од ширењето на оваа варијанта на ковид-19.

Последиците на пандемијата ќе се чувствуваат уште долго, а кризата сеуште не е завршена, стоеше во изјавата на германскиот економски институт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот