ГЕРМАНСКИОТ ФАРМЕЦЕВТСКИ ГИГАНТ ВЕТУВА: До 2030 година ќе бидеме климатски-неутрална компанија

Германскиот хемиски и фармацевтски гигант Баер денеска објави дека има за цел да работи на климатски неутрален начин до 2030 година со намалување или неутрализирање на сите емисии на штетни гасови што ги создава.

„Баер ќе биде климатски-неутрална компанија до 2030 година”, напиша извршниот директор Вернер Бауман во написот за деловното работење на „Ханделсблат”.

Одржливоста ќе биде „интегрална компонента на нашата активност и на нашиот долгорочен економски успех”, додаде тој, истакнувајќи дека емисиите, покрај финансиските цели, во иднина ќе влијаат на платите и бонусите на менаџерите.

Германската компанија со седиште во Леверкузен планира да елиминира околу четири милиони тони јаглерод диоксид што го произведува годишно, користејќи обновлива електрична енергија и поефикасни деловни процеси.

Групацијата додава дека во соработка со добавувачите и клиентите ќе ги намали емисиите во целиот ланец на снабдување и ќе има за цел да ги намали и во логистика и пакувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот