Германски политичар бара на редизајнираните евра да ги има творците на вакцината против ковид-19

Угур Сахин и Oзлем Туречи
Угур Сахин и Oзлем Туречи / Фото: Колаж, ЕПА

Европската централна банка (ЕЦБ) е во процес на изнаоѓање нови дизајни за банкнотите на еврата. Притоа, примила и предлог од Европскиот парламент, во кој политичарот од германската либерална партија на Слободните демократи (ФДП), Мориц Кернер, побарал основачите на германската биотехнолошка лабораторија Бионтек, Угур Сахин и Oзлем Туречи, кои се Турци по потекло, да бидат прикажани на некоја од банкнотите, пренесува Велт.

Во образожението Кернер истакнува дека нивната работа „спасила животи на милиони Европејци“.

„Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграцијата, напредокот, претприемништвото, научната извонредност и потенцијалот на отвореното имиграциско општество“, вели германскиот либерал.

Во текот на пандемијата на ковид-19, биотехнолошката компанија со седиште во Мајнц, технологијата на mRNA развивана за други заболувања во светот, за релативно кус период успеа да ја развие како вакцина против коронавирусот, која многу брзо по влегувањето во проектот на американскиот фармацевтски гигант Фајзер беше одобрена како вакцина.

Дваесет години по воведувањето на еврото, Европската централна банка покрена процес за редизајнирање на банкнотите. Јавноста треба да има важна улога во овој процес, но ќе минат години пред да се случи редизајнирањето. Според најавите, Управниот одбор на ЕЦБ би требало во 2024 година да решава за печатењето нови банкноти и кога тие би требало да бидат пуштени во оптек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот