Германски експерт предупредува: Не ги отворајте градинките, веднаш ќе станат жаришта на коронавирусот

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасноста на прерано отворање на детските градинки.

Дростен рекол дека на основа на грипот и настинката, знае дека децата имаат големо количество на вирусот во грлото.

Таа концентрација на вирусот е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните, објасни вирусологот.

Дростен вели дека децата имаат имутетен систем без „искуство“, кој не може да делува против вирусот, поради што училиштата и градинките се жаришта на вирусот.

Истовремено, вирусологот вели дека нема сеопфатни студии за тоа колку се заразни децата и изразува надеж дека во наредните денови науката ќе дојде до нови сознанија.

Исто така, Дростен предупредува на пребрзо попуштање на корона-мерките.

  • На основа на добриот развој на ситуацијата во Германија и Австрија многу луѓе мислат дека претерано се реагирало. Тие не разбираат зошто се мораше да биде затворено. Гледаат само на тоа што се случува кај нив, но не и ситуациите во другите земји, истакна Дростен.

Дорстен е водечки советник на Ангела Меркел за време на кризата, а таа го поддржа и во советите за внимателно ублажување на мерките порачувајќи им на колегите од странство дека не ветува враќање во нормала се додека бројките не покажат дека евентуален втор бран би го претрупал здравствениот систем во земјата.

„Нема да има втор бран“: Водечки светски вирусолог открива на што треба да се придржуваме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот