„Нема да има втор бран“: Водечки светски вирусолог открива на што треба да се придржуваме

epa08264460 Director Institute of Virology of the Charite Berlin Christian Drosten during a press conference on the handling of the coronavirus in Berlin, Germany, 02 March 2020. A first coronavirus infected person appeared in Berlin, the capital of Germany. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Водечкиот германски и светски вирусолог, Кристијан Дростен, експерт за корона вирусот и еден од авторите на тестот за САРС, смета дека имунитетот стекнат поради претходно заболување од некој од вирусите од корона групата може да претставува заштита и за Ковид-19.

Коментирајќи го евентуалниот втор бран во Азија, истакнува дека всушност станува збор за стари случаи, односно дека тоа се пациенти кои не биле целосно излечени.

  • Доколку телото го замислиме како езеро со златни рипки, тестирањето би претставувало како со врзани очи да наполниме кофа со вода од него и да погледнеме дали сме успеале да уловиме некоја риба. Пред крајот на Ковид – 19, кога пациентот субјективно и објективно се чувствува добро, вирусот се уште е присутен, но неговата концентрација е под границата потребна за регистрирање на истиот со тестовите, објаснува Дростен.

Дростен раководи со институтот „Чарит“ во Берлин, прв го изолираше САРС, „постариот брат“ на Ковид – 19. Тој работел на развивање тестови и истакнува дека заразата сепак нема да биде под контрола се додека не биде откриена вакцина.

Најважни се, како што додава, реакциите на државите, како повторно воведување на изолација и соработката на граѓаните.

Препораката на Дростен е да го следиме правилото „шест чекори – шест секунди“, односно при контакт со други лица да држиме растојание од најмалку 1,8 метри и комуникацијата да не трае подолго од 6 секунди.

Со него се сложува и германската канцеларка Ангела Меркел. Дорстен е нејзин водечки советник за време на кризата, а таа го поддржа и во советите за внимателно ублажување на мерките порачувајќи им на колегите од странство дека не ветува враќање во нормала се додека бројките не покажат дека евентуален втор бран би го претрупал здравствениот систем во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот