Германската влада денеска одлучува за реформа на воената служба, вклучувајќи повеќе војници
Германската влада денес треба да донесе одлука за реформа на воената служба, која вклучува значајни промени во регрутирањето и зголемување на бројот на војници во Бундесверот.
Препорачано
По месеци контроверзии, владата се подготвува да усвои план кој има за цел да го зголеми бројот на активни војници во Бундесверот од 186.000 на 260.000 до 2030 година, со дополнителни 200.000 резервисти, објавува германскиот „Билд“.
Според нацрт-законот, од 1 јануари 2026 година, сите 18-годишни мажи ќе бидат обврзани да пополнат онлајн прашалник кој ќе вклучува прашања за нивните интереси, физичка подготвеност и способности.
Оние кои ќе се докажат како соодветни за службата ќе бидат повикани на лекарски преглед, кој ќе стане задолжителен од јули 2027 година.
Се очекува реформата да овозможи брзо пополнување на Бундесверот, што ќе биде значајно особено во итни ситуации.
За да привлече волонтери, Германија ќе понуди значително подобри финансиски услови.
Војниците ќе имаат зголемување на платата, со нето месечна плата од 2.700 евра, што е значително повеќе од сегашните 1.840 евра.
Исто така, ќе им биде обезбедено бесплатно сместување, оброци и превоз, додека оние кои ќе потпишат договор на 12 месеци ќе можат да добијат до 3.500 евра за возачка дозвола.
Иако се планираат значајни промени, сепак постои можност во иднина да се воведе задолжителна воена служба.
Во нацрт-законот се наведува дека владата ќе може да донесе таква одлука ако доброволното регрутирање не ги исполни целите, но за тоа ќе биде потребно одобрение од Бундестагот.


