Германската телевизија објаснува зошто основната хигиена прави чудо за заштита од коронавирусот

ФОТО: Screenshot

80 отсто лесно ќе излезат на крај со вирусот, но на останатите ќе им треба лекарска помош, а околу 6 отсто од нив ќе завршат на интензивна нега. Во Германија тоа се милион жители

„Не се работи за тоа дека треба да ги спречиме луѓето да дојдат во контакт со вирусот, ова е пандемија и не може да се запре“, се вели во прилогот на германската телевизија.

Експертите претпоставуваат дека најмалку 2/3 од луѓето во Германија ќе дојдат во контакт со вирусот и ќе се разболат. 80 отсто лесно ќе излезат на крај со вирусот, но на останатите ќе им треба лекарска помош, а околу 6 отсто од нив ќе завршат на интензивна нега. Во Германија тоа се милион жители“.

„Ако дозволиме вирусот експоненцијално да се шири, тој би го заразил целиот медицински персонал. Се работи на тоа периодот за зараза да се развлече на што подолг период. И натаму ќе се разболува истиот број на луѓе, но на подолг период. Ситуацијата ќе се смири и сите ќе можат да добијат помош. Поради тоа е важно што помалку да се шири заразата сега на почетокот и затоа се важни мерките, како миење на раце, држење растојание и забрана на собири. Пред се за најслабите меѓу нас“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот