Германките добиваат една третина помала пензија од Германците

epa08379992 People enjoy a sunny spring day during the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, at the Stadtpark (City Park) in Vienna, Austria, 23 April 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Просечната пензија во Германија по најмалку 45 години работа е 1.543 евра, но жените и понатаму имаат значително помала пензија од мажите, а разликата изнесува стотици евра.

Просечната „машка“ пензија изнесува 1.637, а „женската“ 1.323 евра, се вели во одговорот на германската влада на пратеничкото прашање на Дитмар Барх, шеф на пратеничката група на Левицата во Бундестагот. Просекот на пензиите за Западна Германија е повисок од просекот на поранешните источногермански покраини. Пензионерите на запад добиваат во просек по 1.605 евра, а на истокот од државата 1.403 евра.

Овие податоци за пратеникот Барч, кој го постави прашањето до сојузната влада, претставуваат „срамна рамнотежа на пензиската политика во последните две децении“. Фактот дека жените и источногерманците имаат значително помали пензии за него е знак дека германското општество е далеку од праведен систем на соодветни пензии“.

Затоа овој политичар побара од сојузната влада да „воведе вонредни 10 отсто зголемување на пензиите за сите пензионери оваа година како компензација за инфлацијата“, објави Дојче веле, пренесува Политика рс.

Според резултатите од истражувањето на приходите и условите за живот од 2021 година, жените на возраст над 65 години имаат просечна бруто пензија од 17.814 евра годишно, а мажите за третина повеќе, 25.407 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот