Германка сликала маж повреден во сообраќајка и отишла на работа без да му помогне, сега ќе се појави пред суд

Фото: CTK / Alamy / Alamy / Profimedia / ilustracija

Судот во Дизелдорф започна судење против 41-годишна жена која, по сообраќајна несреќа во јули 2020 година, наводно фотографирала маж кој се борел за живот со својот мобилен телефон, а потоа отишла на работа, без да му помогне на човекот.

Како што пренесуваат германските медиуми, 41-годишната жена возела автомобил наеднаш застанала, а зад неа бил 60-годишен маж на мотор кој се лизнал и удрил во ограда. Жената го видела повредениот мотоциклист, излегла од автомобилот и го фотографирала него, автомобилот и моторот. Потоа отишла на работа, а човекот подоцна починал.

Жената тврди дека не е виновна за несреќата бидејќи директно не се судрила со мотоциклистот. Таа е обвинета за убиство од небрежност, загрозување на сообраќајот, удирање и бегство и кршење на личните права со фотографирање на лице на умирање.

„Доцна сфатив дека погрешив. Не ја знаев улицата. Фотографиите од мотоциклистот веднаш му ги испратив на шефот за да поверува дека несреќата е причината поради која доцнам на работа“, изјави обвинетата.

Тројца сведоци на несреќата пред судот потврдија дека жената рекла дека мора да оди на работа и се оддалечила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот