Германија прва пречка за кошаркарките на патот кон Евробаскетот 2023

Македонија ослабена без Кметовска и Бонер на натпреварот во Хале/Фото: kfsm.mk

Во Хале денеска против Германија најдобрата македонска женска репрезентција ја чека првиот натпревар од новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Словенија и Израел.

Во мечот кој ќе стартува од 19.30 часот нашата најдобра женска селекција влегува со голем хендикеп кој го создава неиграњето на две и тоа како важни кошаркарки.

Премиерата ќе ја прескокнат Девана Бонер, која на еден од последните тренинзи се пожали на болки во пределот на `рбетниот столб, и ѝ се придружи на повредената Ивана Кметовска. Тоа му создаде дополнителен проблем на новиот селектор, Александар Ашаданов.

– Дефинитивно, голем хендикеп за нас ќе ни биде отсуството на Девана Бонер и на Ивана Кметовска на овој прв натпревар од квалификациите. Двете не се доволно подготвени за да одговорат на предизвиците кои со себе ги носат вакви натпревари од прва категорија на европската репрезентативна кошарка.

Што се однесува за противникот, Германките ни се познати. Беа во нашата група и во претходниот циклус кога јас бев во стручниот штаб. Имаат играчи во WNBA и Евролигата. Најсилни се под кошот. Имаат две искусни кошаркарки. Во прв ред, Гулич која игра во WNBA, а сега настапува во Валенсија, тоа ќе биде нивна најсилна страна затоа што ја немаме Кметовска која ќе можеше да ѝ парира. Слабостите ќе ги бараме кај нивните бекови кои не се на тоа ниво на кое им се високите играчи. Мора да функционираме како целина и да играме како едно – вели Ашаданов.

Квалификации за Евробаскет 2023 – жени

Група „А“, 1. коло, двојки –

Денеска
19.30 часот Германија – Македонија (линк за следење на натпреварот)
20.00 часот Босна и Херцеговина – Белгија

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот