Германија ќе ги зајакне граничните контроли и ќе ги враќа мигрантите
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи, Александар Добринд најави проширување на граничните контроли го најави и вети нови одбивања на мигранти на лице место и депортации во земји како Авганистан и Сирија.
Препорачано
„Ќе продолжиме да ги одржуваме граничните контроли. Граничните проверки и одбивањата ќе продолжат по септември“, појасни Добринд во подкастот „Table Today“, додавајќи дека веќе се во тек нови депортации.
„Успеавме да организираме лет до Авганистан и да депортираме некои од најтешките криминалци. Но, ова не може да остане еднократна мерка“, нагласи министерот за внатрешни работи, појаснувајќи дека федералната влада сега се подготвува да организира дополнителни специјални летови за депортација до Авганистан и Сирија.
Александар Добринд нареди зајакнување на граничните контроли на почетокот на мај, кратко откако новата влада ја презеде функцијата, без да прецизира колку долго ќе бидат на сила, а германската влада доби остри критики за кршење на европските прописи.
Понатаму, Полска неодамна одговори на одлуката на Берлин со свои контроли и одбивање на барателите на азил.
Германската полициска асоцијација (GdP) продолжува да критикува, поради работното оптоварување на полициските службеници, кое останува „многу високо“, како што изјави претседателот на Здружението, Андреас Роскопф.
Според Федералното министерство за внатрешни работи, 14.000 федерални полицајци се распоредени на границата од воведувањето на построги контроли, во споредба со претходно 11.000. Ова претставува речиси една третина од вкупните федерални полициски сили. Сепак, федералната влада постојано нагласува дека мерката не може да се одржува на неодредено време.
Во истото интервју, Добрид повторно го отфрли барањето на германските градови да бидат домаќини на деца од Појасот Газа.
„Мора да бидеме многу внимателни со сите можни мерки што се дискутираат сега. Сликите од Појасот Газа се трогателни. Затоа федералната влада е посветена на подобрување на хуманитарната ситуација. Но, приоритет мора да се даде на помошта на терен“, рече министерот, истакнувајќи дека може да ја разбере идејата, но поентата, рече тој, е што е можно повеќе луѓе да добијат помош, а не само неколку.
Градови како Хановер, Дизелдорф, Бон, Лајпциг и Кил изразија подготвеност да бидат домаќини на деца од Појасот Газа, особено на оние на кои им е потребна посебна медицинска нега. Сепак, „зелено светло“ за ова ќе мора да даде федералната влада.


