Германија ги укина ограничувањата: Македонците во нова печалбарска офанзива

Фото: Архива

Работниците од Западен Балкан можат повторно да аплицираат за работа во Германија по паузата предизвикана од пандемијата.

Како што потврди Доминик Ерентраут, заменик-главен портпарол на Федералното Министерство за труд и социјална работа на Германија, практично сите ограничувања се укинати од 4 јули, кога станува збор за правилото за Западен Балкан и другите програми за вработување на нашите работници во таа земја.

– Сепак, треба да се нагласи дека воведување на ограничувања е можно во секое време, во зависност од развојот на ситуацијата – објасни Ерентраут за „Независне новине“.

Што се однесува до Правилото за Западен Балкан, тој објасни дека тоа никогаш не било укинато, особено не откако, беше продолжено повторно за период од три години на почетокот на годината, односно до крајот на декември 2023 година.

– Ова правило ја опфаќа и Северна Македонија, а единствената новина во однос на претходното правило е воведување ограничување од 25.000 кое се однесува на сите земји, кои, освен С Македонија, исто така ги вклучуваат Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ и Србија – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот