Германија: ФДП го прифати договорот во СДП и Зелените, на повидок е нова влада

Претседателот на ФДП, Кристијан Линднер на денешниот вонреден конгрес на партијата / 5 декември 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

На вонредниот конгрес одржан денеска, германската Либерално-демократска партија (ФДП) со огромно мнозинство од 92 отсто го прифати коалицискиот договор за влез во новата влада заедно со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените.

„Овој конгрес нѐ носи во нов клучен период во историјата на ФДП: либералите ја преземаат одговорноста за земјата во време на криза. Сакаме да ја модернизираме нашата земја и да ја однесеме напред“, рече генералниот секретар на ФДП, Волкер по гласањето на конгресот.

Претходно, претседателот на ФДП, Кристијан Линднер, го пофали начинот на кој се водеа повеќемесечните преговори со СПД и Зелените.

„Самиот начинот на кој се водеа разговорите ми даде надеж дека се можни вистински промени во оваа земја“, рече Линднер, кој се очекува да биде министер за финансии во новата влада.

Обраќајќи им се на членовите на Конгресот, кој се одржуваше виртуелно, тој нагласи дека голем дел од коалицискиот договор носи либерален печат, како што се плановите за индивидуален напредок преку подобро образование, дигитализација на Германија, солидни финансии и стремеж кон промени што ќе доведат до „социјално -еколошка пазарна економија“.

На вонредниот конгрес во саботата, СПД со речиси 99 отсто од гласовите го прифати коалицискиот договор и со тоа влезе во владата со Либералите и Зелените. Партијата на зелените до утре треба да ја заврши анкетата на партиската база.

Коалицискиот договор треба да биде потпишан во вторник, а на редовната седница во среда, новиот Бундестаг за нов германски канцелар треба да го избере кандидатот на СПД Олаф Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот