Германците ја критикуваат УЕФА, неприфатливо е на стадион да има 40.000 навивачи

epa09310926 England fans arrive at Wembley Stadium ahead of the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between England and Germany in London, Britain, 29 June 2021. EPA-EFE/ANDY RAIN

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер вели дека е „апсолутно неприфатливо“ што Европската фудбалска унија (УЕФА) дозволи повеќе од 40 000 навивачи да присуствуваат на натпреварот од осминафиналето на Европското првенство помеѓу Англија и Германија, во Лондон.

На натпреварот на стадионот „Вембли“, кој Англија го доби со 2:0, присуствуваа точно 41.973 навивачи, што е најголем број на гледачи во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Во последниве денови, бројот на заразени луѓе ширум светот расте, поради ширењето на поинфективната „Делта варијанта“ на вирусот корона.

– Мислам дека таквата позиција на УЕФА е апсолутно неодговорна. Парите се двигател на таквата одлука, но комерцијалните причини не треба да ја надминуваат заштитата на населението од вирусот. Апелирам до УЕФА да не ја пренесува одговорноста на локалните здравствени власти. Тие треба да кажат дека не сакаме вакво нешто и го намалуваме бројот на гледачи – рече Зехофер, чиј оддел вклучува и спорт.

Претходно беше објавено дека поголем број навивачи ќе присуствуваат на натпреварите од полуфиналето и финалето на Европското првенство на „Вембли“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот