Млади Германија/ Фото: Rupert Oberhuser / Alamy / Alamy / Profimedia

Германците кои догодина ќе станат полнолетни ќе добијат по 200 евра од државата

Минатиот петок Бундестагот го одобри федералниот буџет за 2023 година, а според него околу 750.000 германски граѓани може да добијат 200 евра од државата за својот роденден, јавуваат германските медиуми.

Владата сака да ги поттикне младите да одат на културни настани. „Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме младите за различноста на културата во нашата земја“, изјави министерката за култура Клаудија Рот од редовите на Зелените.

Тоа ќе биде таканаречена „културна пропусница“ на која ќе има 200 евра, а со тоа треба да се поддржи и културната индустрија која се уште се бори со последиците од пандемијата. Средствата се наменети за книги, посети на музеи и изложби, кина, концерти, театарски претстави и слично, но имплементацијата се уште не е сосема јасна.

Средствата би можеле да се искористат во текот на две години, а институциите кои нудат културни содржини ќе можат да се регистрираат преку веб-страницата, а ќе биде достапна и мобилна апликација.

Владата за пилот-проектот ќе одвои 100 милиони евра, а „пропусница“ би добиле сите граѓани кои ќе наполнат 18 години во 2023 година. Доколку проектот биде успешен, проектот би можел да се прошири на населението од 15 до 17 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот