Гери Олдман се подготвува за пензија
Легендарниот оскаровец Гери Олдман навести дека ќе се повлече од актерството во догледна иднина. Олдман има долга филмска и телевизиска кариера која му донесе „Оскар“, „Златен глобус“, една САГ и три БАФТА награди.
Препорачано
View this post on Instagram
Но, додека се подготвува да се врати за втората сезона на „Slow Horses“ на „Епл ТВ-плус“, се чини дека актерот има други планови за својот живот. Во интервју за „Сандеј тајмс“, во пресрет на новата сезона, Олдман призна дека почнал да размислува за пензионирање.
View this post on Instagram
Актерот пред две години во интервју за „Лос Анџелес Тајмс“ зборуваше за својата кариера, но тој исто така откри и дека едно време бил функционален алкохоличар. Познатиот британски актер повеќе од 25 години не вкусил алкохол, но му биле потребни две одвикнувања за да се ослободи од зависноста.
Кога еднаш го прашале зошто не оди од сетот дома трезен, тој изјавил дека неговата жена не би го препознала и би го исфлила како партал.
„Ќе седнев и ќе и кажев на келнерката да ми донесе голема вотка-тоник. И дека може да ја донесе веднаш бидејќи сум алкохоличар и ми треба пијалок што поскоро“, изјавил тогаш Гери.
View this post on Instagram


