Фото: Фејсбук

Општина Центар додели 48 спортски стипендии, Герасимовски најави изградба на два нови затворени базени

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска додели 48 спортски стипендии на најдобрите спортисти од основните училишта во општината од повеќе спортски дисциплини.

Стипендиите се доделуваат во три категории, во износ од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, и се исплаќаат месечно во текот на осум месеци од учебната година, информираат од Општината.

Добитници се учениците што се истакнале како најдобри стрелци, играчи и голмани во општинската лига, како и оние кои постигнале исклучителни резултати во пливање, карате, гимнастика, тенис, џудо, скијање, триатлон, мечување и бадминтон.

Герасимовски, на доделувањето истакнал дека во периодот што следи ќе се изградат два нови затворени базени во основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“, каде пливањето ќе биде дел од наставната програма по спорт.

„Во програмата за наредниот период предвидуваме изградба на два нови покриени базени, едниот токму во ова училиште, „11 Октомври“, а вториот во ООУ „Димитар Миладинов“. Учениците од Центар ќе имаат уникатна можност пливањето да стане дел од наставната програма“ изјави Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот