Општина Центар додели 48 спортски стипендии, Герасимовски најави изградба на два нови затворени базени
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска додели 48 спортски стипендии на најдобрите спортисти од основните училишта во општината од повеќе спортски дисциплини. Стипендиите се доделуваат во три категории, во износ од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, и се исплаќаат месечно во текот на осум месеци од учебната година, информираат од Општината. Добитници се учениците …

