Георгина Родригез откри неверојатни детали за животот со Роналдо: Можеме да јадеме што сакаме само кога не е дома
Наскоро на „Netflix“ ќе пристигне документарната серија „Soy Georgina“, која ќе го следи животот Георгина Родригез, девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо.
Препорачано
Проектот ја заинтригира јавноста уште пред да започне прикажувањето. Имено, серијалот ќе претстави емотивен портрет од нејзиното секојдневие и ќе открие досега непознати детали.
„Многумина го знаат моето име, но малкумина знаат која сум јас“, вели убавата Родригез во најавата за серијата чија премиера ќе се случи на 27 јануари.
View this post on Instagram
Меѓу другото, Георгина Родригез призна дека со нетрпение чека да влезе во брак со фудбалерот. Според шпанските медиуми, важна улога во приказната има и мајката на Роналдо, Долорес Авеиро, која наводно не е воодушевена од неговиот
избор.
Георгина раскажа каков бил нејзиниот сакан кога ќе се исклучиле камерите. Таа изјави дека славниот фудбалер е одличен татко и сопруг и дека не можела да сонува за подобар партнер.
„Тој не готви, но после сè што прави заслужува да седне на трпеза со храна приготвена со многу љубов“, вели Георгина откривајќи дека имаат личен готвач, но и дека понекогаш и самата знае да подготви нешто.
„Кога не е дома, можам да си дозволам храна која или не ја сака или не ја консумира. Вистина е дека понекогаш јаде пица, но тоа е еднаш неделно и потоа напорно вежба. Сакам да го изненадувам со храна што ја сака, но сите можеме да се најадеме само кога го нема, па понекогаш едвај чекаме да си замине“, се пошегува таа.
View this post on Instagram
За потсетување, славниот пар неодамна објави дека очекуваат близнаци, девојче и момче. Тие веќе ја имаат ќерката Аланa Мартина и синот на Кристијано, Кристијанo Џуниор, кој фудбалерот го доби од жена чиј идентитет не е познат, и близнаците Ева и Матеа, кои ги доби од сурогат мајка.


