Георгиевски му подари метро на Стефковски за да мери низ општина Гази Баба

Грижата за уличното осветлување, локациите за поставување нови линии и сервисирање, не ја врши градоначалникот, туку Секторот за комунални работи, поднесувајќи налог за работа кој градоначалникот го потпишува, објаснува поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски откако актуелниот Бобан Стефковски обвини за нанесена штета со договорот за улично осветлување..

Георгиевски прецизира дека за секое изведување нова линија или одржување на постојната постои соодветен надзор кој ја прати постапката дали и со каков квалитет е извршена, а за да може да биде исплатена било која активност покрај налогот мора да има потпишан извештај од надзорот и службите во општината задолжени за улично осветлуваење. Со тој извештај, како што наведува, се потврдува дека зададените активности се извршени од страна на фирмата и истите треба да се исплатат. По сите овие добиени информации, градоначалникот само го потпишува решението за исплата.

Дел од вработените потпишани на овој извештај од Комисијата за проверка се истите вработени кои го подготвиле и спровеле јавниот повик за улично осветлување. Истите вработени кои ги подготвиле налозите до фирмата и дале согласност за плаќање по извршените активности. Затоа останува нејасно како истите тие сега утврдиле разлики. Зошто истите разлики доколку ги имало не ги воочиле при самата изведба? Бидејќи вие немате доверба во вработените од мене имате поклон метро за да можете сам на терен сантим по сантим да мерите пред да потпишете. Со метрото ви поклонувам и моливче за да можете да ги запишете мерките како не би ги утнале повторно – вели Георгиевски.

Реакцијата на Георгиевски уследи по прес конференцијата на Стефковски на која тој посочи дека општинската Комисија утврдила дека постојат разлики помеѓу изведените и прикажаните работи во фактурите од а економскиот оператор, односно дека истите не се совпаѓаат, а врз основа на  договорот за изградба на нови линии за улично осветлување.

Како еден од примерите Стефковски ја издвои фактурата за изградба на нова линија за улично осветлување во Булачани, во која е прикажано дека е поставен кабел во дожина од 550 метри, 10 нови дрвени бандери и 10 натриумови светилки. Комисијата, како што рече утврдила дека во Булачани се поставени 400 метри кабел, стари и употребувани бандери и дека се поставени лед светилки.

Ако се земе предвид дека една нова бандера чини 13.800 денари, еден метар кабел чини 890 денари, а една натриумова светилка чини 9450 денари, а согласно извештајот на Комисијата јасно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба. Во текот на следните денови, целосната документација ќе ја доставиме до надлежните институции на нивно понатамошно постапување – рече Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот