Георгиевски и Заборска знаменосци на свеченото отворање на Медитеранските игри

Вкупно 114 членови ја брои македонската делегација во Оран, Алжир/Фото: Македонски олимписки комитет

На свеченото отворање на Медитеранските игри 2022 во Оран (Алжир) знаменосци беа Дејан Георгиевски (таеквондо) и Симона Заборска (карате).

Македонската делегација брои вкупно 114 членови, што е најмногу во историјата на Македонија на ваквите игри.

Стартот на свеченото отворање е закажан за 21.00 часот по локално време.

Медитеранските игри за нашата земја е важно натпреварување, Македонија ќе има учесници во следните спортови: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, борење и карате, пливање, атлетика, спортско мечување и стрелаштво.

Еден од главните кандидати да освои злато во Оран е таеквондистот Дејан Георгиевски кој освои сребро на последните Летни олимписки игри во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот