10.8 C
Скопје

Георгиадис: Оптимист сум дека мај ќе биде месецот на големо враќање во нормала

Угостителските објекти во Грција што се затворени од почетокот на ноември минатата година, според надлежниот министер за развој Адонис Георгиадис, би можеле одново да почнат со работа по Велигден, пред или заедно со отворањето на туризмот на 14 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Георгиадис, во интервјуто за грчката телевизија „Скај” изрази оптимизам дека „мај ќе биде месецот на големо враќање во нормала”.

Објасни дека ако текот на пандемијата се одвива непречено, кафулињата, рестораните, таверните и сл, би можеле по Велигден, да почнат со работа, но само во надворешните делови, бидејќи како што истакна, „најдобро е да се комбинираат туризам и угостителство”.

-Идеално би било и се обидуваме и на тоа работиме, туризмот да се отвори со угостителството, рече министерот за развој на Грција и појасни дека можеби угостителските објекти би се отвориле кусо пред туризмот.

Откри дека побарале од Комисијата на епидемиолози да ја разгледаат можноста, во понеделник да се отворат трговските центри и моловите, објаснувајќи дека со селф тестовите ќе биде полесно.

Процесот на постепено олабавување на мерките во Грција, оди чекор по чекор, без да постојат конкретни временски рокови за отворање на активности, а единствено што е позинато и официјално соопштено е дека на 14 мај се отвора туризмот.

Земјата е во карантин од 7 ноември 202О година, со полициски час и задолжителни СМС пораки за секое движење на граѓаните, забрането е патување меѓу градови.

Пред 20 дена се отворија фризерските салони и археолошките локалитети, минатиот понеделник се отвори малопродажбата, но под посебни услови, а од вчера учениците од повисоките класови и од средните училишта се вратија во училишните клупи.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар