Географијата и Историјата не се укинуваат, туку се интегрираат во други предмети, појаснуваат надлежните

Со новата наставна концепција за шесто одделение предметот Географија нема да се губи туку ќе се подели во два предмета, изјави за „Телма“ директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи. Географијата ќе се изучува во предметите Природни науки и Општествени науки.

Ниту Историјата не се губи, вели Хасипи, туку ќе биде дел од предметот Историја и општество, кој ќе се изучува од шесто до деветто одделение. Етика на религиите, пак, останува изборен предмет.

Хасипи уверува дека наставниците по овие предмети кои ќе се интегрираат во други, нема да останат без работа.

-Никој нема да остане без работа. Со новата концепција наставниците имаат шанса да изработат програми од слободни изборни предмети и со тие програми може некој наставник да има полн фонд на часови. Овие предмети ќе ги предаваат истите наставници, но секој ќе си предава свој предмет своја тема – вели Хасипи.

Но според наставната програма во предметот природни науки, речиси и да нема ништо поврзано со географија, посебно со територијалната. Од наставната програма може да се забележи дека шестоодделенците ќе учат за својства и промени на супстанците, Сончев систем Сили и движења, Електрицитет и магнетизам, Грижа за животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот