Генијално: Поради коронакризата, Литванците го претворија најголемиот аеродром во спектакуларно кино (ФОТО+ВИДЕО)

epa08396716 General view of a drive-in cinema at Vilnius airport, Lithuania, 01 May 2020. Films in this cinema are displayed on a screen which is the height of a five-story building. Until now, there was no screen of this size and image quality in the Baltic States. The sound of the film is transmitted on radio waves of receivers. EPA-EFE/Valdemar Doveiko POLAND OUT

Додека товарен авион одлета од писта на аеродромот VNO во четвртокот во Вилниус, на растоjaние од само сто метри, поголем број луѓе гледаа филм од нивните автомобили во импровизираното драјв-ин кино на отворено на аеродромот.

Автомобилите пристигнуваат на првото драјв-ин кино на отворено на интернационалниот аеродром VNO во Вилниус, Литванија. Досега, во која било Балтичка држава немало волку голема и квалитетна кино проекција на отворено / 01 мај 2020 година, Вилниус, Литванија / Фото: EPA-EFE/Valdemar Doveiko POLAND OUT

Лица во околу 160 паркирани возила ги следеа строгите инструкции да ги задржат своите прозорци затворени за да спречат ширење на коронавирусот – додека беа воодушевени од можноста да го гледаат филмскиот паразит „Паразит“ кој победи на Оскар, на првиот филм кој се прикажуваше на аеродромот во рамки на проектот кино на отворено.

Драјв-ин кино на отворено на интернационалниот аеродром VNO во Вилниус, Литванија / 01 мај 2020, Вилниус, Литванија / Фото: EPA-EFE/Valdemar Doveiko POLAND OUT

Минатата година на интернационалниот аеродром VNO во Вилнус летаа над 3,8 милиони луѓе, но сите закажани патнички летови очекувано беа одложени пред еден месец, бидејќи и Литванија ја започна својата војна против вирусот.

Драјв-ин кино на отворено на интернационалниот аеродром VNO во Вилниус, Литванија. Корејскиот филм „Паразит“ кој годинава ги собра сите Оскари го отвара киното на аеродромот / 01 мај 2020, Вилниус, Литванија / Фото: Twitter / @GoVilnius

Рестораните, концертните сали и кината се затворени, а Литванците се охрабруваат да останат дома. Ако излезат надвор, тие мора да носат маска и не можат да бидат во група поголема од две, доколку не се со членови од семејството.

Човек со заштитна маска се вози на велосипед во празниот центар на Вилниус, Литванија / 28 март 2020, Вилниус, Литванија / Фото: EPA-EFE/VALDEMAR DOVEIKO POLAND OUT

Сепак, владата оваа недела дозволи да се отворат терасите на кафулињата, како и некои настани како што е драјв-ин кино на отворено, да се одржуваат, бидејќи бројот на новозаболени се намалува.

Драјв-ин кино на отворено на интернационалниот аеродром VNO во Вилниус, Литванија. Корејскиот филм „Паразит“ кој годинава ги собра сите Оскари го отвара киното на аеродромот / 01 мај 2020, Вилниус, Литванија / Фото: EPA-EFE/Valdemar Doveiko POLAND OUT

„Драјв-ин кино на отворено при аеродромот отсекогаш бил мој сон, но дури сега добивме можност за вакво нешто. Просторот е премногу зафатен кога летовите се одвиваат непречно“, изјави Алгирдас Рамаска, кој е организатор на драјв-ин киното на отворено на аеродромот и годишниот меѓународен филмски фестивал во Вилниус.

„Одговорот на јавноста за настанот е неверојатен, распродадени сме за следните неколку дена. На некој начин, луѓето се уморни од долгото седење дома во изолација и сакаат да излезат“.

Фото: Twitter / @GoVilnius

„Навистина е неверојатно искуство, гледајќи филм овде – никогаш не сум дошол на аеродромот освен за да патувам“, рече Егел Рибацијаускат (34), еден од посетителите ноќта кога се отвори киното на отворено.

Драјв-ин кино на отворено на интернационалниот аеродром VNO во Вилниус, Литванија. Корејскиот филм „Паразит“ кој годинава ги собра сите Оскари го отвара киното на аеродромот / 01 мај 2020, Вилниус, Литванија / Фото: EPA-EFE/Valdemar Doveiko POLAND OUT

Годишниот меѓународен филмски фестивал во Вилниус, што требаше да се одржи во март, беше откажан поради рестриктивните мерки, а Алгирдас Рамаска, организатор на филмскиот фестивал, а потоа на драјв-ин киното, вели дека преку овој  настан се надева дека ќе го задржи цел тим кој претходно го вработил, и тоа со приходите од билетите купени за прикажувањето филмови на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот